Politika za privatnost

Политика за приватност

Адвокатско друштво Ќоку и Партнери Скопје, ул. Максим Горки бр. 13, Бизнис центар НАСТЕЛ 4/4, со ЕМБС 7913460 (во понатамошниот текст „Контролор“) е посветено на заштитата на вашите лични податоци. Ве молиме прочитајте ја следната политика за да разберете како постапуваме со вашите податоци.

Контролорот е адвокатска канцеларија која се занимава со корпоративно правно советување, односно обезбедување правна помош на корпоративни клиенти. Иако не нудиме давање правни услуги на физички лица, во случај на барање за правни услуги од физички лица или во име на физички лица, може да прифатиме да обезбедиме услуги и за такви клиенти.

 

Податоците кои ги собираме

Личните податоци кои ги обработуваме вклучуваат:

— основни информации, како што се име и презиме, компанијата во која лицето работи, функција или работна позиција,

— контакт информации, како што се поштенска адреса, е-пошта и телефонски број(еви),

— информации за плаќања извршени кон и од страна на Контролорот,

— технички информации, како што се информации од барања кон нашата веб-страница или во врска со материјалите и комуникациите што ги испраќаме по електронски     пат,

— информации кои лицето ни ги доставува заради присуство на состаноци и настани,

— KYC (Know Your Client – „Запознај го својот клиент“) податоци доставени од клиент или собрани како дел од нашите процедури за прифаќање клиенти,

— лични податоци доставени до нас од или во име на нашите клиенти, или генерирани од наша страна во текот на обезбедување услуги за нив, кои може да вклучуваат и     посебни категории на податоци,

— било кои други податоци кои било кое лице може да ни ги достави.

 

Како ги собираме податоците

Може да собираме лични податоци во текот на нашето работење (вклучително и во рамки на процесот на прифаќање клиенти), преку користење на нашата веб-страница и други електронски алатки (вклучително и комуникација по е-пошта), кога некое лице ќе нé контактира или ќе побара податоци од нас, кога сме ангажирани за обезбедување правни услуги или како резултат на односот на едно лице со еден или повеќе членови од нашиот персонал и нашите клиенти, како и од јавни извори заради ажурирање на податоците со кои веќе располагаме, или кога податоците на друг начин ни се доставени.

Кога треба да собереме лични податоци врз основа на закон, или согласно со условите на договор, или со цел преземање активности пред склучување договор со одредено лице, а тоа лице не ги достави бараните податоци, може да не бидеме во можност да го извршиме договорот што го имаме или што се обидуваме да го склучиме (на пример, да ги обезбедиме бараните услуги). Во таков случај, може да бидеме приморани да го откажеме обезбедувањето на услугите, но за тоа навремено ќе го известиме засегнатото лице.

 

Како ги користиме податоците

Личните податоци ги користиме:

— за обезбедување и унапредување на правните услуги за нашите клиенти,

— за легитимни деловни цели, како што се обезбедување мрежна и ИТ-безбедност или доставување информации за нашите услуги (вклучително и испраќање правни     новости, публикации и информации за настани),

— за исполнување на законските и регулаторните обврски (како што е спроведување на постапката „Запознај го својот клиент“ – Know Your Client),

— за воспоставување, остварување или одбрана на правни побарувања,

— за цели на вработување.

 

Користење на веб-страницата на Контролорот

Личните податоци доставени преку веб-страницата (како што се податоците внесени на страницата за аплицирање на огласи за работа) ќе се користат за целите кои произлегуваат од соодветниот дел на веб-страницата и за други цели за кои е дадена согласност.

Нашата веб-страница користи Google Analytics, веб-алатка за аналитика која го следи и известува начинот на користење на веб-страницата со цел да ни помогне да ја подобриме. Google Analytics го прави тоа преку поставување мали текстуални датотеки наречени „колачиња“ (cookies) на уредот на корисникот. Информациите кои ги собира Google Analytics, како што се бројот на посетители на страницата, посетените страници и времетраењето на престојот на страницата, се агрегирани и затоа се анонимни.

 

Основ на кој ги користиме личните податоци

Личните податоци ги користиме врз следниве основи:

— за извршување на договор или за преземање активности пред склучување договор,

— за усогласување со законските и регулаторните обврски,

— врз основа на легитимен интерес (како што се обезбедување мрежна и ИТ-безбедност, воспоставување, остварување или одбрана на правни побарувања или постапки,     или обезбедување информации за нашите услуги),

— врз основа на согласност на поединецот.

 

Колку долго ги чуваме личните податоци

Личните податоци се чуваат во согласност со нашите интерни правила за ракување со податоци и со законите кои се применуваат во Северна Македонија. Овие рокови се утврдуваат врз основа на барањата на применливото законодавство за заштита на личните податоци и целта за која податоците се собираат и користат, земајќи ги предвид законските и регулаторните обврски за нивно чување во минимален рок, роковите на застареност за поведување правни постапки, како и деловните потреби на Контролорот.

 

Со кого ги споделуваме личните податоци

Ние сме адвокатска канцеларија која соработува, од случај до случај, со други адвокатски канцеларии во регионот и ширум светот, и сите податоци доставени до нас може да бидат споделени и обработувани од такви адвокатски канцеларии, исклучиво кога постои валидна правна основа за таквата обработка и под услов да се применат соодветни заштитни мерки.

Исто така, може да споделуваме лични податоци со одредени доверливи трети страни, во согласност со договорните аранжмани склучени со нив, вклучително и нашите ИТ-услужни провајдери и добавувачи како што се даватели на преведувачки услуги, при што се применуваат соодветни заштитни мерки.

Кога е потребно, или поради причините наведени во оваа политика, личните податоци може да бидат споделени и со регулаторни органи, судови, трибунали, државни институции и органи за спроведување на законот. Иако тоа е малку веројатно, може да бидеме обврзани да откриеме лични податоци со цел усогласување со законски или регулаторни барања. Ќе вложиме разумни напори да го известиме субјектот на податоците пред тоа да се случи, освен ако законски не сме ограничени да го сториме тоа.

 

Во кои земји ги пренесуваме личните податоци

Со цел да ги обезбедиме нашите услуги, може да биде потребно да пренесеме лични податоци надвор од јурисдикцијата во која се доставени, односно каде што се прегледува оваа веб-страница, за целите утврдени во оваа политика за приватност. Ова може да подразбира пренос на податоци од Северна Македонија во земји надвор од Европската Унија („ЕУ“), Европската економска област („ЕЕО“) или НАТО, односно во трети земји или до меѓународни организации. За повеќе детали за тоа како податоците може да бидат споделени со адвокатските канцеларии со кои соработуваме на ад хок основа и со даватели на услуги од трети страни, погледнете го делот „Со кого ги споделуваме личните податоци“.

Во случаи кога податоците се пренесуваат од Северна Македонија во локација надвор од ЕУ/ЕЕО/НАТО, преносот ќе се врши врз основа на соодветните одредби од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020, со измени и дополнувања), вклучително особено врз основа на стандардни договорни клаузули за заштита на податоци склучени меѓу извозникот и увозникот на податоците, изречна согласност на субјектот на податоците за преносот или неопходност за воспоставување, остварување или одбрана на правни побарувања.

 

Права на субјектите на податоци во однос на личните податоци

Ги обезбедуваме најмалку следниве права за субјектите на податоци:

Право да побараат информации за податоците што ги поседуваме за нив и начинот на кој ги обработуваме. Ова го вклучува правото на исправка или бришење на податоците, ограничување на нашата обработка на тие податоци, спречување на неовластени преноси на лични податоци кон трети страни и, во одредени околности, право на преносливост на личните податоци кон друга организација. Субјектите на податоци имаат и право да поднесат барање во врска со обработката на лични податоци од страна на Контролорот до Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија (https://azlp.mk/)

Доколку лице се спротивстави на обработката на неговите/нејзините лични податоци, или доколку дало согласност за обработка, а подоцна одлучи да ја повлече, ние ќе го почитуваме тој избор во согласност со нашите законски обврски.

Приговорот (или повлекувањето на претходно дадената согласност) може да значи дека нема да можеме да ги извршиме активностите неопходни за постигнување на целите наведени погоре (види „Како ги користиме податоците“) или дека лицето кое поднело приговор нема да може да ги користи услугите и производите што ги нудиме. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката заснована на согласност пред нејзиното повлекување. Ве молиме имајте предвид дека и по повлекувањето на согласноста, може да продолжиме да ги обработуваме личните податоци во обемот во кој тоа е потребно или дозволено со закон, особено во врска со остварување и одбрана на нашите правни права или исполнување на нашите законски и регулаторни обврски.

 

Контакт

Во однос на идентификацијата на релевантниот(те) контролор(и) на податоци, ве молиме погледнете го воведот на оваа политика за приватност.

Доколку имате прашања во врска со нашите политики за приватност, сакате да го остварите вашето право на пристап до копија од податоците што ги поседуваме за вас, или сметате дека информациите што ги чуваме за вас треба да бидат исправени, ве молиме контактирајте нé на office@qoku-partners.com со наслов на пораката „Приватност на податоци“.