Биографија
Јане поседува обемно искуство во советување на клиенти во сите аспекти на општото деловно право, обезбедување регулаторна усогласеност и давање правна поддршка на нивните управувачки органи. Неговата работа опфаќа и советување во областа на енергетиката и рударството, конкуренцијата, трудовото право, банкарството и финансиите. Тој има работено како водечки правен советник во големи трансакции што вклучуваат спојувања и преземања, вклучувајќи трансакции во регулирани индустрии. Исто така, располага со искуство во застапување на клиенти во трговски спорови пред домашните судови и меѓународни арбитражни трибунали.
Квалификации
| Образование: | - Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“ – LL.M. (2012) - Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“ – LL.B. (2010) |
| Членства: | - Адвокатска комора на Република Северна Македонија - Меѓународна адвокатска асоцијација (IBA) |