кариера

Градење правна кариера

Професионалниот и личниот развој е еден од нашите стратешки приоритети.

Ќоку & Партнери континуирано инвестира во привлекување, задржување, обучување и развој на врвни таленти. Веруваме во овозможување на развој и поддршка на луѓето и секогаш бараме нови посветени, талентирани и амбициозни личности.

Без разлика дали сте адвокат, скорешен дипломец, или барате да се приклучите на нашиот тим, ќе ви помогнеме да ги постигнете вашите професионални цели.

Придружете ни се

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на Ќоку & Партнери, ве молиме да се поврзете и да го прикачите вашето CV за да биде сочувано во нашата база на податоци. Ве молиме имајте предвид дека CV-јата се собираат во текот на целата година, но кандидатите ќе бидат контактирани само ако, и кога ќе, се појави слободно работно место.