Биографија
Љупка советува домашни и меѓународни клиенти во сите аспекти на локалното корпоративно и трговско право, спојувања и преземања, банкарско и финансово право, правни прашања од здравствениот сектор, трудовото право и прашања од интелектуална сопственост. Таа често им асистира на водечки финансиски институции во нивните банкарски и финансиски операции и застапува бројни мултинационални субјекти во прашања од областа на конкуренцијата на пазарот. Поседува значајно искуство во водење сложени финансиски трансакции за финансиски институции и корисници на кредити во широк спектар на сектори, со посебна експертиза во финансирање на недвижности и аквизиции, како и во проектно финансирање. Таа, исто така, има советувано клиенти во врска со финансирања и реализација на значајни инфраструктурни проекти од државно значење.
Квалификации
| Образование: | - Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“ и Универзитетот во Стразбур, Центар за меѓународни студии по интелектуална сопственост – CEIPI (2012), LL.M. - Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“ (2010), LL.B. - City College, Европски кампус на Универзитетот во Јорк, Универзитетот во Стразбур, Executive MBA (во тек) |
| Членства: | - Адвокатска комора на Република Северна Македонија - Меѓународна адвокатска асоцијација (IBA) |